Синди Крафорд е неверојатна жена која ни докажува дека не треба да се плашиме од староста.
Иако за 10 дена таа ќе наполни 45 години, нејзиното тело, нејзината кожа и нејзината моќ да ја освои камерата ниту малку не се промениле од времето кога таа беше меѓу неколкуте супермодели кои сите луѓе ги знаеја и им се воодушевуваа.
За модниот едиторијал на списанието FutureClaw, прекрасната Крафорд позираше во многубројни дизајнерски парчиња облека. Синди феноменално ја претстави облеката од Долче и Габана, Џанфранко Фере и Емилио Пучи, како и модните додатоци од Ланвин.
По 25 години успешна кариера и над 1000 насловни страници на списанија од цел свет, Синди Крафорд признава дека се чувствува одлично во својата кожа. „Мислам дека се држам многу добро, но она што го сакам најмногу е чувството на моќ што го имам. Толку голем дел од својот живот се обидуваш да се докажеш пред себе, да направиш нештата да се случуваат, се обидуваш да стигнеш некаде. Но, потоа, влегуваш во своите 30-ти или 40-ти години и сфаќаш дека животот е прекрасен и е пред тебе ако успееш да бидеш присутен во него“ – изјавила таа.
Крафорд тврди дека никогаш не легнала под нож и дека се има откажано од користењето Ботокс.
„Пробав Ботокс, но ме плаши. Пластичната операција е страшна, но сè додека не ја користиш за да го промениш лицето, мислам дека е ОК“ – изјавила Синди. Сепак, таа не ја исклучува можноста да си направи некоја пластична операција во иднина.
Погледнете и видео од снимањето на едиторијалот.