Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Синди Крафорд во реклама со мајка си и 10-годишната ќерка

ФОТО: Синди Крафорд во реклама со мајка си и 10-годишната ќерка

Синди Крафорд го промовира своето партнерство со модниот бренд JCPenney со рекламна кампања во која учествуваат нејзината мајка и нејзината 10-годишна ќерка Каја.

Синди со својата мајка и својата ќерка Каја

Не е тешко да се забележи „наследената“ убавина на понежниот дел од семејството Крафорд од три генерации.

Кампањата е за Денот на мајките, па во видеото прво Каја ја нарекува Синди „најдобрата мајка на светот“, а потоа Синди зборува за најдрагиот подарок што го добила од својата мајка.

„Таа е најдобрата мајка на светот. Таа е толку добра што можам да се дружам со неа и да се забавувам“ – вели малата Каја.

„Најголемиот подарок кој ми го има дадено мајка ми и кој се обидувам да ѝ го дадам на мојата ќерка е безусловната љубов... Ако го имате тоа, не ви е потребно ништо друго“ – вели Синди.

Видео од кампањата:

Ова не е првпат за младата Каја да учествува во кампања за мода. Пред неколку месеци таа стана заштитно лице на детската линија на Версаче. Но, веднаш по кампањата, Синди изјави дека Каја ќе почека со активирањето како модел.

Каја за ВерсачеКаја за Версаче

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19122 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.