Силвестер Сталоне и неговата сопруга Џенифер ја продаваат својата вила во Ла Квинта, Калифорнија.
Лоцирана во близина на еден од најелитните терени за голф, вилата на Сталоне е спој на медитерански и шпански стил. Во куќата има четири спални соби и пет бањи, а целиот имот се простира на површина од приближно 500m2.
Сталоне, познат по улогите на Рамбо и Роки, го присвоил имотот во 2010 година за 4,5 милиони долари, а сега го продава на иста цена.