Рис Витерспун со нежна насмевка го краси „Harper’s Bazaar“. 39-годишната актерка шармира во романтични фустани од страниците на февруарското издание на познатото модно списание.
За фотосесијата, Витерспун носи креација од својот бренд „Draper James“, како и дизајнерски парчиња од врвни модни куќи како Оскар де ла Рента, Долче и Габана, Гучи, Мајкл Корс, Ердем и Ралф Лорен. Голем дел од накитот доаѓа од реномираната компанија Tiffany & Co.
Фотографиите се дело на талентираниот Алекси Љубомирски.







