Кети Пери го преболе Расел Бренд. Славната поп-пејачка веќе не ја крие новата врска со гитаристот на Florence + the Machine, Роберт Акројд.
Двајцата музичари присуствуваа на фестивалот „Коачела“ и без воздржување си разменуваа бакнежи.
Кети и Роберт за првпат беа видени заедно минатата недела, кога присуствуваа на фестивалот за да го гледаат настапот на Ријана.
27-годишната пејачка со колоритен стил во декември минатата година објави дека се разведува од Расел Бренд, по само 14 месеци брак.