Мис Италија 2011 е Стефанија Бивоне. Младата убавица вчера ги освои симпатиите на телевизиската публика и на меѓународното жири кое го предводеше познатата актерка и манекенка Инес Састре.
Во трката за титулата, Стефанија ги победи преостанатите две финалистки, Мајра Пјетрокола и Сара Бадерна, кои ги освоија второто и третото место.
Стефанија има 18 години, висока е 179cm, средношколка е и сè уште живее со своите родители. Планира да студира право, но потајно сонува да се пробие во музичката индустрија. По добивањето на круната, новата Мис Италија изјавила дека никогаш не би си го продала телото за да постигне успех во животот.
Еве ги и официјалните фотографии на победничката:
Инаку, овогодишниот избор на најубава жена во Италија беше проследен со многу скандали, а за првпат во историјата на натпреварувањето три од учесничките беа дисквалификувани затоа што учествувале во премногу провокативни фотосесии во минатото.