Кога некој ќе го спомене името Никол Шерцингер, првата асоцијација е добро обликувано жешко тело. Па, не е воопшто чудно што машкото списание „Maxim“ Австралија ја избра токму 33-годишната пејачка за да ги почести своите читатели со секси фотографии.
Поранешната членка на „Pussycat Dolls“ позираше во костими за капење за јунското издание на списанието. Во интервју таа откри дека од претставничките на понежниот пол за најпривлечна ја смета Хали Бери. „Хали Бери. Таа е природно прекрасна. Ја обожавам нејзината насмевка. Застани, звучам како маж – морам да прекинам!“ – рекла Никол.
Никол е позната по своите танцувачки способности, но сите нејзините движења не се планирани и не се дел од кореографија. Сексапилната бринета вели дека кога танцува, целосно ѝ се препушта на музиката. „Се транспортирам на друго место. Не знам што ќе направи моето тело. Само слушам што ми вели музиката и на некаков начин се исклучувам. Се претворам во ѕвер“ – изјавила таа.
Никол во моментов го промовира филмот „Men In Black 3“ во кој глуми заедно со Вил Смит.