Никол Шерцингер не се срами да го покаже своето совршено обликувано тело. 33-годишната пејачка се соблече и го покажа својот задник за новата книга наречена Culo.
На фотографијата Никол носи хавајски венци и по телото има исцртани шари, а нејзиниот задник е во центарот на вниманието.
Нејзината фотографија е дел од книгата Culo на фотографот Рафаел Мазуко, која всушност вклучува 248 фотографии од задниците на славни жени од шоу-бизнисот.
Никол неодамна ја прекина својата долга врска со Луис Хамилтон. Папараците вчера објавија нови фотографии на кои Никол со тажно лице гледа во Хамилтон, а веднаш потоа го прегрнува, а тој цело време ладнокрвно ги држи рацете в џеб.