Времето исто како да застанало за Моника Белучи. Прекрасната италијанска актерка со класична убавина изгледа неверојатно и на 47-годишна возраст, па италијанскиот „Vanity Fair“ ја избра токму Белучи за својата насловна на мајското издание.
Во едиторијал за списанието, Моника позираше со црвен кармин на усните и фризура со ретро волумен, во креации на Долче и Габана кои ја истакнаа формата на нејзиното зачувано тело.
Годините не ја плашат Белучи. Во интервјуто за списанието таа признала дека брчките на лицето воопшто не ѝ се проблем и дека повеќе ја цени природната убавина. „Подобро брчки отколку пластично лице“ – изјавила таа. И менопаузата не создава страв кај Белучи. „Психички сум подготвена и не се плашам“ – смело признала таа.