Меган Фокс го разголи трудничкото стомаче во бикини на романтичен одмор со Брајан Остин Грин, осум месеци по веста дека се разведуваат. 29-годишната актерка и 42-годишниот актер го очекуваат третото дете.
Холивудските ѕвезди беа фотографирани додека уживаа на песочните плажи на Хаваи. На две фотографии, Брајан грижливо го гали стомачето на Меган.




Иако во август минатата година славните актери решија да се разведат, тие се сè уште заедно.











