Откако претера со избелувањето на косата, Линдзи Лохан неколкупати беше критикувана дека изгледа барем 10-тина години постаро. Пред неколку дена се случи мала збрка која сигурно ја натера Линдзи сериозно да се замисли за критиките кои непрекинато пристигнуваа на нејзина адреса. Имено, фоторепортерите ја помешаа Линдзи Лохан со 41 година повозрасната пејачка Деби Хари.
Додека пејачката на познатата група „Blondie“ изминатиов викенд излегуваше од својот хотел, беше „нападната“ од толпа фоторепортери, но не затоа што тие сакаа да добијат нејзина фотографија, туку затоа што сметаа дека 66-годишната пејачка е всушност 25-годишната Линдзи Лохан.
Само неколку дена по тој настан, Линдзи Лохан си ја врати црвената боја на косата.
Според извори блиски до Линдзи, проблематичната актерка е загрижена дека ќе го изгуби убавиот изглед и подготвена е да направи промени за да си го поправи имиџот и да си ја врати успешната кариера.
Линдзи ја шокира јавноста со својот изглед кога минатиот месец се појави на хуманитарната гала вечера на amfAR во Њујорк.