Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Лејтон Мистер зборува за тешкиот живот во Marie Claire

ФОТО: Лејтон Мистер зборува за тешкиот живот во Marie Claire

Лејтон Мистер, позната по улогата на Блер Волдорф во хит-серијата „Gossip Girl“, го краси априлското издание на „Marie Claire“. 25-годишната актерка ја покажа својата харизма во фотосесија со гламурозна облека, а во интервју сподели детали од својот не толку гламурозен живот.

За разлика од Блер Волдорф, Лејтон потекнува од сиромашно семејство, а нејзините разведени родители имаат лежено в затвор поради прекршоци поврзани со дрога. Имено, мајката на Лејтон, Констанс, ја родила додека излежувала затворска казна.

Лејтон Мистер

„Моето семејство има лудо минато. Веројатно најлудото минато за кое некогаш сум слушнала. Кога сега се навраќам, го гледам во убава светлина. Не беше некомплицирано, но си играв надвор, одев на плажа. Имаше среќни, забавни мигови“ – изјавила таа.

Лејтон Мистер

На 10-годишна возраст Лејтон започнала да работи како модел и се преселила во Њујорк, а кога имала 14 години заедно со својата мајка се преселила во Лос Анџелес каде покрај тоа што работела како модел, одела и на часови за глума. Во тој период преферирала да оди на часови со возрасни, бидејќи не размислувала како дете.

„Не можев да се поврзам со детските работи. Џими не ме сака! На кого му е гајле за тоа? Јас се грижев што немавме пари за гориво или за храна“ – објаснила таа.

Лејтон Мистер

Лејтон не отишла ниту на својата матурска вечер за да заштеди пари. „Билетот чинеше многу пари. Освен тоа, не ми беше ни многу важно... Кога ќе видиш како реагираш кога страдаш, тогаш знаеш на што сè си способен“ – дополнила таа.

Иако и претходно учествувала во познати серии како „House“, нејзиниот успех дошол откако во 2006 година ја добила улогата на Блер.

Ријана Ријана

Минатата година беше откриено дека Лејтон е во судска битка со својата мајка, бидејќи парите што ѝ ги испраќала, таа ги трошела за козметички процедури наместо за нега на нејзиниот помал брат, Александар.

Младата ѕвезда секој месец ѝ праќала на својата мајка по 7.500 долари за нега на малиот брат кој има сериозни здравствени проблеми. Но, Констанс ги трошела парите за пластични операции, ботокс, надградба на коса и други лични трошоци. Констанс тогаш дури и ѝ се заканила на Лејтон дека ќе ја тужи за 3 милиони долари доколку не ѝ праќа месечна издршка од 10.000 долари. Подоцна Лејтон и Констанс постигнаа спогодба.

Лејтон Мистер

Лејтон зборувала и за љубовниот живот. „Немав момче додека не наполнив 18 години. Убаво е, претпоставувам, но кога ти се допаѓа. Сепак, не ми беше најважното нешто. Не сум сигурна дали некогаш сакам да се омажам. Врската е добра само во случај кога навистина сакаш некого. Не сакам да сум со некој тип што само ми се допаѓа“ – објаснила таа.

Лејтон Мистер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19122 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.