Кристијано Роналдо мами погледи со мускулестото тело во новата кампања за сопствената линија долна облека.
31-годишниот фудбалер позираше во модели од колекцијата за сезоната есен/зима 2016. Ова е шеста колекција на Роналдо од линијата „CR7 by Cristiano Ronaldo“, а во неа, како и во сите негови досегашни колекции, силните бои и смелите дезени имаат централно место.
„Сакав да ги ставам моите омилени дезени во центарот на оваа кампања, чија цел е да ја покаже самодовербата која добрата долна облека може да ви ја даде. Сакам моите дезени да им даваат самодоверба на луѓето и да прават не само да изгледаат, туку и да се чувствуваат убаво. Долната облека е првото нешто кое го ставете наутро и е основата на вашето добро расположение“ – вели ѕвездата на Реал Мадрид.
Деновиве Кристијано презентираше своја апликација за правење селфи фотографии, со помош на која ќе можете да се фотографирате покрај него. Апликацијата вклучува 68 пози и 39 филтри. Секое преземање на апликацијата значи и донирање средства за организацијата Save the Children.
Видео
Have a selfie with me.✌️ Check out my new CR7 Selfie - Fans with a Cause App #CR7SelfieApp https://t.co/ejlaJoim0c pic.twitter.com/psMKasyDKm
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) August 9, 2016