Ким Кардашијан ќе го краси мартовското издание на списанието Harper's Bazaar.
Инспирацијата за фотосесијата е филмот за Клеопатра од 1963г. во кој главната улога ја имаше Елизабет Тејлор.
Ова е втор пат Ким да позира за Harper's Bazaar. Првиот пат беше минатата година, кога Ким целосно се разголи и тврдеше дека фотографиите не се дигитално обработени.
Легендарната Елизабет Тејлор направи интервју со Кардашијан и во него зборуваше за нејзините страсти, дијамантите и дарувањето.
„Ти си мојот идол, но јас заостанувам со 6 сопрузи и неколку големи парчиња накит. Што треба да направам?“ – Ким ја запрашала Елизабет.
„Никогаш не планирав да присвојам многу накит или да имам многу сопрузи. Јас сум пресреќна што во животот успеав да почувствувам голема љубов и се разбира, што сум привремен сопственик на некои извонредни и убави нешта. Но, никогаш не сум се почувствувала пожива од тогаш кога ги гледам моите деца како се радуваат на нешто, никогаш не сум се почувствувала пожива од моментот кога гледам голем артист како настапува и не сум се почувствувала побогата од тогаш кога добив дебел чек за да се борам со сидата. Следи ја својата страст, следи го своето срце и работите кои ти требаат ќе дојдат“ – одговорила Тејлор.
Кардашијан во своето интервју зборувала за изгледот, чувството за бизнис и за нејзиниот спот со Кание Вест.