Можеби ќе ви бидат потребни неколку минути за да успеете во девојката на насловната страница на списанието „Interview“ да ја видите Кети Пери.
Синокосата пејачка е целосно непрепознатлива на фотографијата направена од Микаел Џенсон за мартовското издание на списанието.
На фотографијата нема ниту трага од игривиот забавен имиџ на 27-годишната пејачка и таа многу повеќе наликува на Ејми Вајнхаус.