Модните недели во големите светски метрополи ги диктираат не само трендовите за облеката, туку и трендовите за шминката и трендовите за украсување на ноктите.
За време на неодамнешната модна недела во Њујорк, стилистите понудија најразнообразни идеи за маникир. Од еднобојни до свежи колоритни и рачно исцртани дизајни, на ревиите можеа да се видат и едноставни, но и имагинативни маникири. Можеби тие ќе ви бидат инспирација за следниот домашен маникир.