Џеси Меткалф и Кара Сантана си издвоија време за релаксација пред нивната свадба. Згодниот градинар од серијата „Очајни домаќинки“ и 33-годишната актерка беа фотографирани од папараците додека уживаа на плажа во Мајами.
На фотографиите, вљубените ѕвезди се смешкаат и си разменуваат нежности.







Парот беше „уловен“ и кога се упатуваше на вечера во ресторан.




Кара на Instagram сподели фотографии од романтичниот состанок со својот сакан.
Џеси и Кара се верија во август минатата година.

