Бен Далхаус е новиот миленик на жените. Фотографиите од згодниот модел деновиве како вирус се распространуваат на интернет, а припадничките на понежниот пол имаат само комплименти за нив.
Брадестиот заводник е заштитно лице на компанијата за рачни часовници „Brathwait“. Во рекламната кампања за брендот, Бен е вистински современ џентлмен со хипстерски шмек.
Веројатно нема да има женски поплаки ако Бен направи поголеми чекори во модната индустрија.