Брадест заводник од Норвешка деновиве освојува срца на Instagram и забрзано привлекува обожавателки.
30-годишниот Ласе Метберг, кој е висок два метри, стана интернет сензација поради својата долга руса коса, мускулестото тело, како и униформата од кралската морнарица на неговата татковина.
Мускулестиот фитнес фанатик и модел, кој често е нарекуван „Тор“, постојано добива понуди за брак на социјалните мрежи. „Сакаат да се оженам за нив или бараат од мене да ги забременам“ – изјавил низ насмевка Ласе за коментарите кои ги добива.
Погледнете зошто Метберг е новиот миленик на илјадници жени и е Instagram ѕвезда.