Талентираната актерка Хилари Свонк детството го поминала живеејќи во приколка. Кога имала 15 години, заедно со нејзината мајка се преселиле во Лос Анџелес и живееле во автомобил до моментот кога можеле да си дозволат да изнајмат стан. Затоа, денес таа дополнително го цени она што го поседува и вели дека не ѝ е потребен екстравагантен дом за да се чувствува пријатно во него.
37-годишната актерка ги отвори вратите на својот стан во Њујорк за списанието Elle Decor. „Се чувствувам покомфорно во помали простори“ – вели добитничката на два Оскари.
Станот се простира на 130m2, а ентериерот е модерен и елегантен. Голем дел од мебелот доаѓа од брендот Келвин Клајн.
Иако според селебрити стандардите ова се смета за мал стан, очигледно во него има простор не само за Хилари, туку и за нејзиниот партнер Џон Камписи и неговиот син.