Дајен фон Фирстенберг е добро позната во модниот свет. Нејзините ревии секогаш завршуваат со воодушевувања и аплаузи. 65-годишната дизајнерка ги отвори вратите на својот луксузен и уникатно уреден стан во Менхетен за списанието „Architectural Digest“.
Ентериерот на стаклениот стан на Дајен спојува најразлични принтови и несекојдневни детали од цел свет. Станот изгледа забавно и однатре и однадвор, а го отсликува креативниот ум на успешната креаторка. „Кога бев млада, живеев како стара жена, а откако остарев, морав да живеам како млада личност“ – објаснила таа.