Адам Левин и Беати Принсло ја поканија екипата на Architectural Digest во нивниот дом во Лос Анџелес и им дозволија на фановите да фрлат поглед во нивното живеалиште.
Фронтменот на Maroon 5 и популарниот модел живеат на големиот имот заедно со двете ќеркички Дасти и Џио.
Кога станува збор за уредувањето на собите, Беати вели дека Адам бил поангажиран и ги донесувал големите одлуки. „Вообичаено Адам го презема возачкото седиште кога станува збор за одлуки поврзани со дизајнот. Тој останува буден по цела ноќ и разгледува мебели и куќи. Самиот тој треба да биде дизајнер на ентериери“ – вели Беати.
Огромни плакари, сауна, соба со бар, мини кино сала, базен, гостинска куќа... Двојката може да се пофали дека има сè што ѝ потребно за луксузен живот. „Ова е сè што ни треба и сè што сакаме“ – тврди поранешниот ангел на Victoria’s Secret.
Видео




















