Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Блејк Лајвли блеска во црвено за „Marie Claire“

ФОТО: Блејк Лајвли блеска во црвено за „Marie Claire“

Блејк Лајвли привлекува погледи од корицата на јулското издание на списанието „Marie Claire“. Русокосата долгонога актерка го мами окото со црвен фустан на Балмен.

Блејк Лајвли

24-годишната ѕвезда од „Gossip Girl“ е меѓу ретките холивудски дами кои немаат професионален стилист, па токму тоа беше една од темите кои преовладуваа во интервјуто за списанието.

На прашањето дали сепак има некој што ѝ помага при стајлингот, таа одговорила: „Мојот асистент се јавува во модните куќи, но секогаш јас ја избирам облеката, обувките и накитот, а често за настани и самата си ги правам косата и шминката. Понекогаш си мислам, Господе, зошто си го причинувам ова? Тоа е толку дополнителна работа!“.

Блејк Лајвли

Кога била прашана зошто го прави тоа, Блејк возвратила: „Затоа што ја сакам модата. Таа е израз на личноста. Често гледам луѓе кои изгледаат одлично, но можам веднаш да кажам кој им е стилист. Секој стилист си има свој потпис. Можеби звучи дрско, но имам среќа што сум во шоу кое се врти околу модата (Gossip Girl). Не постои дизајнер до кого не можам да стигнам“.

Блејк Лајвли

Од актуелните личности, Блејк признала дека го обожава стилот на Флоренс Велч. „Ја обожавам Флоренс Велч. Таа е чиста магија. Отсекогаш сум им се восхитувала на луѓето кои прават силни избори“ – рекла таа.

Блејк Лајвли

Многу често Лајвли на црвениот тепих се појавува во минијатурни сукњи и фустани кои ги покажуваат нејзините долги нозе. На прашањето дали смета дека тоа го менува мислењето на јавноста за неа, таа одговорила: „Луѓето сакаат да прават паралели помеѓу мојот живот и скандалозните приказни во Gossip Girl. Се облекувам исто како и мојот лик, па си мислат дека го живеам тој живот и во реалноста. Неодамна споделив колку момчиња сум имала досега (четворица) и луѓето реагираа: Тоа е невозможно! Но, тоа е точно. Јас сум била само со неколку мажи. Ако не сум со некој што не ме возбудува или инспирира, тогаш преферирам да сум сама“ – изјавила таа.

Лајвли неколку години беше во врска со Пен Баџли (Ден од Gossip Girl). Неодамна ја прекина врската со Леонардо Дикаприо, а моментално му е девојка на Рајан Рејнолдс.

Блејк Лајвли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19117 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.