Аналин МекКорд случајно(?) објави топлес фотографија на Twitter, без да забележи дека на неа се гледа малку повеќе отколку што би сакала.
Ѕвездата од тинејџерската серија „90210“ ја испратила фотографијата за една своја „следбеничка“ со порака: „Ова е за тебе @meganraee“ („This is for you @meganraee You rock! Xxx A.“).
Откако 24-годишната актерка разбрала за грешката, ја повлекла фотографијата, го отстранила делот на кој се гледа нејзината брадавица и повторно ја објавила на својот профил.
Меган, девојката за која била наменета фотографијата, веднаш ѝ потврдила на Аналин дека веќе ја нема провокативната фотографија.
„Не можам да ти вратам со порака бидејќи не ме следиш, но да, веќе ја нема!! Не бев сигурна дали го забележа кога ја објави“ – напишала Меган.
Сепак, разголената фотографија продолжи да кружи на Интернет.
Аналин наредниот ден била видена на снимањето на популарната серија „90210“.