Аналин МекКорд секогаш изгледа прекрасно, но младата актерка им покажа на своите фанови дека во Холивуд никој не е така совршен како што ни се чини.
24-годишната ѕвезда објави своја фотографија без шминка, на која јасно се гледаат акните на нејзиното лице.
„Се разбудив ова утро и одлучив дека ми е смачено од барањата на Холивуд за совршенство. За сите мои девојки (и момци) кои некогаш биле засрамени од својата кожа! Ве поздравувам! Не сум совршена – и тоа е ОК“ – напиша таа пред да ја објави фотографијата.
Пред неколку месеци, Аналин сподели и дека е многу релаксирана во однос на модата и убавината. „За Нова Година јас и сестра ми размислувавме што би сакале да видиме во нашите животи и околу нас. Бидете промената која сакате да ја видите во светот, бидете промената која сакате да ја видите во луѓето. А јас, јас на некој начин сакам да се променат Холивуд и модата“ – изјавила таа.