Алесандра Амбросио не ја пропушта забавата која ја нуди Коачела. На вториот викенд од музичкиот фестивал, атрактивниот ангел на Victoria’s Secret ги понесе со себе своите две деца.
На својот профил на Instagram, популарната Бразилка сподели видеа и фотографии на кои се забавува со 7-годишната ќеркичка Ања, 3-годишното синче Ноа и своите пријателки.
Фестивалот се одржува секоја година во Индио, Калифорнија.







