Адријана Лима заедно со уште неколку славни лица присуствуваше на отворањето на продавница на швајцарскиот бренд IWC во Њујорк. Бремената манекенка го покажа своето стомаче во тесен краток фустан, гордо позирајќи пред фото-репортерите.
На настанот присуствуваше и нејзината колешка од Victoria’s Secret, Каролина Куркова, која се појави облечена во бел комбинезон со долги ракави.
Иако голем дел од вниманието беше насочен кон убавата Лима, погледите на гостинките беа насочени кон згодното холивудско трио составено од актерите Крис Хемсворт, Ченинг Тејтум и Џо Манганиело.