Помалку од 24 часа по избувнувањето на пожарот во Гренфел Тауер во Лондон, Адел се појави меѓу преживеаните за да им понуди утеха и поддршка.
29-годишната пејачка, која е родена во Тотенхем, Лондон, беше фотографирана на местото на несреќата во која досега е познато дека загинаа 12 лица, а 74 се повредени. Се очекува бројот на жртви да се искачи на повеќе од 50.
На социјалните мрежи, фановите ги споделија фотографиите од емотивната Англичанка и ѝ упатија многу комплименти.
Според информациите на Twitter, Адел се појавила неочекувано сред толпата и ги гушкала и тешела преживеаните и засегнатите од пожарот, а им понудила поддршка на оние на кои тоа им е најпотребно.
Just spotted @Adele and Simon visited the Grenfell Tower dressed in an abaya. #Adele #GrenfellTower pic.twitter.com/QngFWzeZjx
— Adele | Адель Russia (@DayDreamers_ru) June 15, 2017
Adele near the #Grenfell Tower in an Abaya. Respect to you. pic.twitter.com/7GAb1Dpels
— FourMe (@FourMee) June 14, 2017
„Фактот што Адел отиде пред Гренфел Тауер и не кажа ни збор за тоа докажува колку таа е неверојатно искрена... Адел е ангел, го заслужува рајот, го има најголемото срце на светот, се гордеам со неа.“
„Ја сакам Адел. Таа нема само да седи дома и да пишува твитови за тоа. Таа оди и навистина им помага на луѓето“ – се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Пожарот се случи на 14 јуни по полноќ и брзо ја зафати 27-катната зграда. Пожарникарите се бореле да го изгаснат огнот повеќе од 10 часа, додека луѓето скокале од запалената висококатница. Една жена го фрлила своето дете од 10-тиот кат и успеала да го спаси.