Ричард Гир ја доби поддршката од својата девојка Алехандра Силва на премиерата на својот филм „Time Out of Mind“. 66-годишниот актер зачекори на црвениот тепих во Мадрид заедно со 32-годишната Шпанка, со која e во врска повеќе од една година.
На свеченоста, холивудската ѕвезда се појави во класичен костум со бела кошула, додека неговата партнерка носеше краток бел фустан со извезени ракави.













