Алесандра Амбросио се закити со уште една година животно искуство. Популарниот ангел на Victoria’s Secret денес ќе го прослави својот 35. роденден.
Атрактивната Бразилка на 12-годишна возраст ги направи првите чекори кон остварувањето на својот сон да стане модел, а стана дел од семејството на Victoria’s Secret во 2004 година.
За свеченостите, Алесандра често избира тесни и разголени креации кои ја истакнуваат нејзината фигура. По повод роденденот на Амбросио, навратете се на 35 нејзини највпечатливи стилски моменти.










