Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: 22-годишна купи стан од 88 милиони долари

ФОТО: 22-годишна купи стан од 88 милиони долари

Ќерките на милијардерите не штедат пари на пазарот на недвижнини во САД. Во јуни оваа година 22-годишната Петра Еклстоун, ќерката на првиот човек на Формула 1, стана сопственичка на огромна „палата“ којашто ја нарекуваат и „најскапата куќа во САД“. Сега 22-годишната ќерка на рускиот милијардер Димитри Риболовлев си купи луксузен стан за рекордни 88 милиони долари.

Станот зафаќа повеќе од 600m2 и вклучува 10 соби, од кои 4 се спални соби.

Ќерката на Димитри, Екатерина, е студентка во САД, на факултет кој се чува во тајност, и според соопштението за јавноста, планирала да престојува во станот за време на нејзините посети во Њујорк. Таа е родена во Русија, но во изминативе 15 години има живеено во Монако и Швајцарија.

Нејзиниот татко е 93-тиот најбогат човек на светот според Форбс и неговото богатство се проценува на 9,5 милијарди долари.

Станот беше дом на банкарот Сенди Вејл, којшто вети дека приходите од продажбата ќе ги донира за добротворни цели.

Станот кој чини 88 милиони долари Станот кој чини 88 милиони долари Станот кој чини 88 милиони долари Станот кој чини 88 милиони долари Станот кој чини 88 милиони долари Станот кој чини 88 милиони долари Станот кој чини 88 милиони долари Станот кој чини 88 милиони долари

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19125 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.