Никола Перевски – Пере се радува на проширувањето на своето семејство. Македонскиот музичар минатиот месец доби трета ќеркичка, а деновиве ги сподели првите фотографии со бебенцето.
На последната фотографија, Пере позира со двете поголеми ќерки Михаела и Каја и новородената ќеркичка Софиа. „Трите ѕвездички Миа, Каја, Софиа. Среќен божиќ и од нас“ - напиша тој во описот.

Ова е прво дете на Пере со сопругата Јована. Миа и Каја се негови деца од претходен брак.
„Си дојде дома мојата трета ќерка, моето трилече што мириса на млеко. Софиа“ - напиша познатиот пејач во описот на првите фотографии со бебенцето.





