По долга борба со неплодност, Тајра Бенкс и Ерик Асла неодамна станаа родители благодарение на сурогат-мајка. Познатата манекенка ја сподели првата фотографија од новороденото синче Јорк на својот профил на Instagram.
На фотографијата, малото бебенце мирно спие во прегратката на својата мајка.
Во описот, 42-годишната водителка на „America's Next Top Model“ признава дека ова бил најсреќниот Ден на вљубените во нејзиниот живот. „Ова е најсреќниот Св. Валентин во мојот живот. Јорк, Тато и јас ви испраќаме многу љубов“ – пишува таа.
Синчето на Бенкс и Алса се роди на 27 јануари, а убавата вест ја објави гордата мајка на Instagram.
Тајра минатата година ја откри својата борба со неплодноста и призна дека има поминато низ многу ин витро постапки, кои за жал биле неуспешни.
