Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Супермоделот Татјана Патиц почина од рак на дојка на 56-годишна возраст

Супермоделот Татјана Патиц почина од рак на дојка на 56-годишна возраст

Почина Татјана Патиц. Оригиналниот супермодел од 90-тите години ја изгуби борбата со рак на дојка на 56-годишна возраст.

Убавата Германка заедно со Наоми Кембел, Синди Крафорд, Линда Еванџелиста и Кристи Тарлингтон владееше на модните писти и во списанијата во 90-тите години од минатиот век.

Татјана Патиц

Нивната заедничка фотографија за „Вог“ сè уште е значаен момент во светот на модата.

Татјана Патиц Татјана Патиц

Патиц беше дел и од спотот за популарната песна „Freedom“ на Џорџ Мајкл.

Татјана е родена во Хамбург, а потоа се пресели во Шведска. Нејзината кариера во модниот свет започна во 1983 година, кога по учество на натпревар за убавина, доби понуда да работи како модел во Париз.

Татјана Патиц Татјана Патиц Татјана Патиц Татјана Патиц Татјана Патиц Татјана Патиц Татјана Патиц Татјана Патиц

Последната ревија на која дефилираше Патиц, беше ревијата на Etro во 2019 година.

Татјана Патиц

Изминативе години таа водеше мирен и повлечен живот, посветувајќи се на семејството и нејзиниот син Џона.

Последното појавување на моден настан на Татјана, беше на лансирање на парфем на Диор во септември минатата година. Таа беше придружувана од синот.

Татјана Патиц

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20844 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.