Емили Дидонато се заколна на вечна љубов. Свадбената церемонија се одржа во хотел во планинско село во Колорадо, па убавината на природата ги збогати фотографиите на младенците.
Зборувајќи за изборот на локацијата, Емили рекла: „Беше перфектна комбинација од рустична елеганција и занемувачкиот поглед кон планините.“
Едноставниот фустан е дело на модната куќа Оскар де ла Рента. „Се вљубив во него затоа што е класичен, елегантен и безвременски“ - објаснила синооката убавица.
Свадбениот албум на 27-годишниот модел и нејзиниот избраник Кајл Питерсон го објави „Вог“.