Кежуал елеганција извира од новата колекција на „SuiteBlanco“, претставена од Емили Дидонато, која е новото заштитно лице на познатиот бренд за сезоната пролет 2015.
Синооката манекенка позираше во креации кои привлекуваат со сафари шарм, морнарски шмек, женственост и нежност. Низ колекцијата доминираат маслинесто зелени нијанси и кристална белина.
Дидонато ја наследи Ирина Шајк која соработуваше со брендот за сезоната што изминува.
Фармерските креации на „SuiteBlanco“ за топлата сезона беа претставени од Бланка Падиља.