Рис Витерспун е бремена. Шпекулациите за бременоста на 36-годишната актерка започнаа пред неколку недели, кога таа започна да се појавува на филмските премиери облечена во широки фустани, но сега нејзини блиски ја потврдија веста.
„И двајцата се превозбудени“ – пишува People, цитирајќи близок на Рис.

„Рис е бремена околу 12 недели, но не планира да го соопшти тоа“ – изјавил друг извор за Us Weekly.
Харизматичната ѕвезда пред речиси една година стапи во брак со Џим Тот и уште оттогаш имаше изразено желба да го прошири семејството.
„Би сакала да имам уште деца. Децата се најдобриот дел од мојот ден“ – изјавила таа за списанието Closer.
Рис веќе има две деца, 8-годишниот Декон и 12-годишната Ава, со бившиот сопруг Рајан Филипе.
