Поранешната членка на женската група Spice Girls Мел Б изгледа одлично што и да облече на себе.
Слободно може да се каже дека 41-годишната пејачка и мајка на три деца е во одлична физичка форма, па не е ни чудо што често избира креации коишто ја истакнуваат нејзината фигура.
Но, пред два дена стилскиот избор на Мелани Браун поттикна негативни наместо позитивни коментари. Таа беше фотографирана додека се упатуваше на деловен состанок во ресторанот „Serafina“ во Лос Анџелес облечена во лилав латекс фустан со проѕирен горен дел и складни лобутинки.

Жешкото сончево време не ѝ годеше на кожата на Мел Б, а тоа беше премногу очигледно на папараци фотографиите. Интернет корисниците не штедеа критики за лошиот избор на фустан и коментираа дека тој не е соодветен на временските услови, иако сите се согласија дека Мелани изгледа одлично.








Мел Б е дел од жирито во познатото шоу „America’s Got Talent“, па таа постојано е присутна во медиумите. Еве дел од нејзините впечатливи модни избори.




