Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Победниците на American Music Awards 2014

Победниците на American Music Awards 2014

Доделувањето на Американските музички награди привлече многу ѕвезди во Лос Анџелес. Најголеми победници на вечерта беа One Direction и Кети Пери, кои освоија по три награди.

One Direction ја примија главната награда Изведувач на годината, како и наградите Омилен бенд и Омилен поп/рок албум (Midnight Memories).

One Direction

Кети Пери е на турнеја во Австралија, па не успеа да присуствува на свеченоста. Сепак, во нејзини раце ќе завршат три награди, меѓу кои за Омилен поп/рок женски изведувач и Сингл на годината (Dark Horse).

5 Seconds of Summer победија во категоријата Нов изведувач на годината, додека Сем Смит беше прогласен за Омилен поп/рок машки изведувач.

Иги Азалеја ги победи Еминем и Дрејк за да стане Омилен рап/хип-хоп изведувач и да ја добие наградата Омилен рап/хип-хоп албум (The New Classic).

One Direction

Тејлор Свифт ја прими наградата Дик Кларк за постигнувања во музиката, која се доделува за првпат.

One Direction

Листа на победници на American Music Awards 2014

Artist of the Year: One Direction
New Artist of the Year: 5 Seconds of Summer
Single of the Year: Кети Пери ft. Џуси Џеј – „Dark Horse“
Favorite Male Artist - Pop/Rock: Сем Смит
Favorite Female Artist - Pop/Rock: Кети Пери
Favorite Band, Duo or Group - Pop/Rock: One Direction
Favorite Album - Pop/Rock: One Direction – „Midnight Memories“
Favorite Male Artist - Country: Лук Брајан
Favorite Female Artist - Country: Кери Андервуд
Favorite Band, Duo or Group - Country: Florida Georgia Line
Favorite Artist - Rap/Hip-Hop: Иги Азалеја
Favorite Album - Rap/Hip-Hop: Иги Азалеја – „The New Classic“
Favorite Male Artist - Soul/R&B: Џон Леџенд
Favorite Female Artist - Soul/R&B: Бијонсе
Favorite Album - Soul/R&B: Бијонсе – „Beyoncé“
Favorite Artist - Alternative Rock: Imagine Dragons
Favorite Artist - Adult Contemporary: Кети Пери
Favorite Artist - Latin: Енрике Иглесијас
Favorite Artist - Electronic Dance Music (EDM): Калвин Харис
Top Soundtrack: „Frozen“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.