Сите претпоставуваа дека бракот на Ким Кардашијан нема да трае долго, но малкумина очекуваа дека ќе трае само 72 дена.
По краток период во брак, Ким поддаде документи за развод, пишуваат странските медиуми. Во документите денешната дата стои како дата на нивната разделба.
„Да, Ким Кардашијан ќе поднесе документи за развод. Контактирав со неа, ќе добијам изјава за неколку минути“ – напишал Рајан Сикрест, продуцентот на шоуто на Ким, на Twitter.
31-годишната Ким ја ангажирала познатата адвокатка Лаура Васер, која ги има застапувано Бритни Спирс, Анџелина Џоли и Рајан Рејнолдс.
Неколку недели странските медиуми шпекулираа за проблеми во бракот на Ким. Во една изјава и самата таа потврди дека нејзиниот брак не е совршен.
Ким и Крис Хамфрис стапија во брак на 20 август оваа година, а нивната луксузна свадба во детали беше пренесувана на телевизиските екрани.