Оливија Палермо и Јоханес Хибл ја прославија Нова година уживајќи на егзотичниот Сент Бартс. За време на празничниот одмор германскиот модел ја побарал за жена шармантната Палермо, со која е во врска пет години.
Парот ја соопшти среќната вест преку кратко видео кое го објави на Instagram. Во видеото 27-годишната девојка со изострено чувство за мода трча пред камерата, а потоа седнува и го покажува прстенот.
Во текот на изминативе денови парот беше фотографиран додека се релаксираше на убавите плажи на островот.