Неслихан Атаѓул и Кадир Доугулу го очекуваат првото дете.
Турскиот пар ја објави среќната вест во јули оваа година, а сега го откри и полот на бебенцето.
32-годишната актерка, која кај нас се прослави со улогата на Нихан во турската серија „Карасевда“, сподели фотографија од пораснатото трудничко стомаче и на неа напиша: „Здраво момченце“.
Првата фотографија од бременоста, Атаѓул ја објави на 29 јули и напиша дека сакале што подолго да ја чуваат оваа вест во тајност.
„Благословена сум. Многу сме среќни со сопругот и со семејството. Со возбуда и нетрпение го очекуваме нашето дете“ – напиша таа во август.
Неслихан започна да се состанува со Кадир во октомври 2013 година. Тој е постар од неа 10 години.
Парот се вери во ноември 2015 година, а стапи во брак во 2016 година.