Ник Бејтман долго време ги мами женските погледи на Instagram со атрактивниот изглед, па не е воопшто чудно што бројот на негови обожаватели ја надмина цифрата 4 милиони.





29-годишниот модел и актер влегол во светот на модата сосема случајно, а сега е интернет сензација и мамка за женските очи. Неговата прва поголема кампања била за колекција чанти на американскиот бренд „Abercrombie & Fitch“.






Но, неговата прва љубов остануваат боречките вештини, кои ги практикува од мали нозе.
Ник ја започна својата актерска кариера во 2011 година, а неговата прва поголема филмска улога е во филмот „Hobo with a Shotgun“.
Привлечниот заводник ќе биде во главната улога на филмската адаптација на бестселерот „Ugly Love“.



























