Јана Серафимова стапи во брак со нејзиниот сакан Горан Петровски.
Убавата Македонка го изговори судбоносното „ДА“ во нежна венчаница од дизајнерката Антонија Ристовска.
Спортската новинарка и нејзиниот сопруг објавија фотографии на социјалните мрежи.
„Среќа е кога најубавите моменти во животот ги делиш со фамилијата и вистинските пријатели! Фала ви наши драги луѓе што ни ја направивте најубавата журка вчера. Сите бевте прекрасни, срцето ни е полно, најбогати сме што ве имаме и најмногу ве сакаме!“ – напиша Јана.
Јана и Горан се верија пред една година.