Јана Серафимова – Петровска шармираше на концертот на Андре Риу во Скопје.
Убавата водителка ја имаше честа да ја дели сцената со „Кралот на валцерот“ и со неговиот оркестар. За музичкиот спектакл во салата „Борис Трајковски“, Јана избра романтична креација од ателјето на дизајнерката Антонија Ристовска.
Серафимова сподели фотографии на Instagram, а во описот ѝ се заблагодари на Антонија за креацијата во која се чувствувала посебно.