Џенифер Лопез сподели слатка фотографија од своите деца за да покаже како изгледа за неа совршено попладне.
На фотографијата, 46-годишната пејачка и актерка позира со 8-годишните близначиња Макс и Ема. „Мојата идеја за совршено попладне...“ – напиша Лопез.

Макс и Ема се деца на атрактивната ѕвезда и нејзиниот поранешен сопруг Марк Антони, со кого таа се разведе во 2011 година, по 7 години брачен живот.
Минатиот месец, во интервју за People, Џеј Ло отворено зборуваше за фактот дека раѓањето на близнаците ѝ го промени животот во позитивна насока. „Родив и децата искрено ми дадоа нова насока. Тие ми помогнаа да сфатам што е реално, а што не е. Тие променија сè“ – изјави Лопез.
Вчера, Џенифер беше фотографирана додека се упатуваше на шопинг, облечена во лежерна комбинација со црна ролка и искинати фармерки од брендот Mother.






