Скопјанецот Стефан Лошковски ја освои титулата „Mister Sea World 2012“. Згодниот Македонец победи на изборот одржан во Перу и освен главното признание, ја доби и титулата за најубаво лице.
Шармантниот ватерполист на својот Facebook профил објави дека никогаш не би стигнал до Перу ако не беше негов пријател кој го поттикна да учествува на изборот на Мистер на Македонија, каде што и победи.
„Се почна кога мојот другар од Битола, Пеце ми рече пријави се за избор на Мистер на Македонија, и го послушав“ – пишува Стефан на својот Facebook профил.