Синоќа беше прогласен новиот Мистер на Македонија. Ивица Симоновски ја понесе титулата за која се бореа 9 финалисти, селектирани од повеќе од 200 пријавени кандидати.

Згодниот 26-годишен скопјанец ќе ја претставува нашата земја на изборот „Mister Sea World 2013“ и ќе се обиде да го повтори успехот на минатогодишниот Мистер на Македонија, Стефан Лошковски, кој во февруари го освои првото место на „Mister Sea World 2012“.

На манифестацијата, која се одржа во клубот „Б2“, Мартин Тасевски бил избран за македонски претставник на натпреварот „Mister Manhunt 2013“.
Еве дел од кандидатите на „Мистер на Македонија 2012“:






