На финалето на последната сезона на „American Idol“, Џенифер Лопез беше магнет за погледи. На црвениот тепих во Долби театарот во Холивуд, музичката ѕвезда заблеска во златен фустан.
Креацијата е дело на либанскиот дизајнер Ели Меди. Стајлингот на Лопез беше надополнет со впечатливи обувки од Кристијан Лобутин.















46-годишната пејачка пет сезони од шоуто седеше на судиско столче. На самиот крај на вечерта, таа не можеше да си ги задржи солзите.


Во текот на музичкото шоу, Џенифер настапи со својата нова песна „Ain’t Your Mama“.