Ким Кардашијан направи рентген снимка од својот задник само за да докаже дека нема импланти и дека ѝ е природен.
На фотографијата којашто денес го обиколи светот, Ким со гордост позира пред рентген снимката од нејзиниот задник.
„Моите сестри ме предизвикаа да направам рентген снимка од задникот. Навистина сакам да ја направам за да му покажам на цел свет“ – со овие зборови Ким му се обрати на семејниот доктор во новата епизода од реалното шоу „Keeping Up With the Kardashians“.
Идејата за создавањето на ваков доказ дошла од сестрата на Ким, Клое Кардашијан, која по добивањето на снимката ја поставила на својот блог заедно со пораката: „Хеј кукли! Доказот е во рентгенот. Задникот на Ким е 100% вистински!!!“.
Еве и видео од моментот на раѓање на идејата за ретген снимката: